ДУИ: Гласот за Пендаровски ги отвора вратите за иден претседател Албанец

Дадениот глас за консензуалниот претседател ги отвара вратите во иднина ова позиција да им припадне на Албанците, порача ДУИ од митингот во Долнени.

Поранешниот пратеник, Муса Ибраими истакна дека како што знаеме за претседателски избори има тројца кандидат и дека ДУИ го поддржува консензуалниот кандидат кој гарантира дека ќе го спроведе процесот на интеграција во НАТО и ЕУ без да го попречи, пренесува Плусинфо.

– Таму каде што е нашиот интерес, во НАТО и ЕУ, само така ја гледам перспективата на моето семејство и општеството во целина. Затоа, ние ќе го поддржиме консензуалниот кандидат Пендаровски кој е под реден број 3 во гласачкото ливче, затоа што тука го наоѓаме и концептот на Демократската Унија за Интеграција започнат уште од 2014 година – истакна Ибраими.

Неодамна и други двајца високи функционери на ДУИ рекоа дека тоа во иднина ќе обезбеди Албанец да застане на чело на Народната банка, на премиерската функција или да стане шеф на државата.

Потпретседателот на ДУИ и шеф на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити, вели дека како што дишеле Парламентот и Владата, со Пендаровски на албански ќе дишело и претседателството на Македонија.

Тезата дека консензуалниот принцип и поддршката на гласачите на ДУИ за кандидатот на СДСМ, би довела до позначајни функции на Албанците, ја потенцираше и Артан Груби кој рече дека со „ксмет“ ќе ја добијат премиерската, па и претседателската функција во иднина.

Се уште е непознат одговорот на прашањето дали нависитина ДУИ веруваат во политиката која би ја водел Пендаровски како потенцијален претседател на државата или пак станува збор за обичен политички пазар од кој интегративците би профитирале во иднина.

МИА