ДСР не го признава пописот од 2021

Ромите не ги признаваат резултатите од пописот. Претседателот на партијата Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, бара пописот да се повтори по електорнски пат за резултатите да бидат објективни. Во 2002 година статистиката изброила 53,789 Роми во Македонија, а 19 години потоа само 46,433. Салиу вели дека обие бројки се крајно сомнителни и неточни бидејќи излегува дека Роми изминативе години не се раѓале. Според статистиките Ромите имаат најголем наталитет во државата ама според пописот тоа не е така. Оваа статистичка операција направи тотален егзодус на Ромите, вели Салиу.

Не ги признаваме овие резултати од пописот, бидејки цифрите односно бројките кои се изнесени со пописот од 2021 година не го оправдува односно не го потврдува објективно, правилно и вистински бројот кај ромската заедница, изјави Шабан Салиу – претседател на ДСР

Според Салиу ова е уште една причина зошто Ромите и сите граѓани треба да излезат на 18 јуни пред Владата. Со последните ценовни шокови, поскапената нафта, храна, струја, Ромите кои и онака тешко живеат, сега едвај преживуваат, вели Салиу чија партија, како партнер на коалицијата „Обнова за Македонија” даде поддршка на протестот на ВМРО-ДПМНЕ во сабота.

Сакам да ги поканам сите масовно да присуствуваме на плоштадот и да побараме промена на оваа влада која направи пустош и хаос во државата, изјави Шабан Салиу – претседател на ДСР

Саули смета дека сега е време за брзи предвремени избори кои според него треба да се случат во септември или октомври.

Бојана Златкова