});

Дрогата се подостапна на младите – за само еден месец во тетовско откриени 140 дилери и корисници на дроги

20–тина лица на возраст од 16 до 26 години е последниот евидентиран случај на откривање на лица дилери или пак, корисници на дрога во полошкиот регион. Сите се приведени во текот на изминатиов викенд. Периодов, додека траат активностите за интензивно откривање на дилери на дрога, само во текот на минатиот месец приведени се дури 120 лица.

Псохолозите неколкупати досега алармираа дека опаѓа границата на лица кои пробуваат дроги, односно дека тоа се почесто се малолетници.Проблем е велат, неинформираноста на младите кои се лажат дека марихуаната не создава зависност, но и големата достапност до разните наркотични средства.

Најважна е превенцијата, оти подобро е да се спречи отколку лекува, велат психолозите. Но, за жал кај нас се уште не се работи доволно на оваа проблематика, на што укажуваат се поголемите бројки на евидентирани корисници на дроги.

Милена Вучевска