Државни вработувања, образование и медиуми на бугарски јазик- што се ќе добијат Бугарите со влезот во македонскиот Устав?!

Државно вработување, образование на бугарски јазик, медиуми на бугарски јазик. Ова се само дел од привилегиите кои ќе ги добијат Бугарите со евентуално внесување во Уставот на Македонија. Во членот 11 од Законот за правата на заедниците кои сер помалку од 20 проценти јасно е пропишано кои се права ќе ги добијат Бугарите во државава, а меѓу нив е и загарантирана процентуална застапеност во државната администрација. 

-За припадниците на заедниците при вработувањето во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа се применува начелото на соодветна и правична застапеност, согласно со закон, се вели во член 12 од Законот за правата на заедниците кои се под 20 проценти.

Бугарите, кои не признаваат дека постои македонски јазик, односно велат дека бил дијалект на бугарскиот, со влезот во Уставот би имале право на школување на бугарски јазик.

-Припадниците на заедниците имаат право на образование на својот јазик и писмо во сите степени, согласно со закон, се вели во член 6 од Законот за правата на заедниците кои се под 20 проценти.

А ќе добијат и право на медиуми, а и според она што е законски пропишано ќе имаат право и на програма на националниот сервис. Ако ја видиме бугарската реторика, ќе можеме да заклучиме дека на медиум кој се плаќа со парите на македонските граѓани ќе се шири бугарска антимакедонска пропаганда.

-Припадниците на заедниците имаат право на примање и пренесување на информации на својот јазик и писмо преку електронски и печатени медиуми, согласно со закон, се вели во член 7 од Законот за правата на заедниците кои се под 20 проценти, се вели во член 7 од Законот за правата на заедниците кои се под 20 проценти..

Бугарската заедница која веќе стана актуелна во Македонија со формирањето на здруженија со спорни историски имиња како Цар Борис трети и Ванчо Михајлов, кои подоцна беа избришани од централниот регистар, сега и со закон ќе имаат загарнтирано право да си формираат здруженија.

-Припадниците на заедниците имаат право да основаат културни, уметнички, образовни институции, како и научни и други здруженија и фондации заради изразување, негување и развивање на нивниот идентитет, согласно со закон, се вели во член 10 од Законот за правата на заедниците кои се под 20 проценти.

Свесни какви права им следуваат со евентуален влез во Уставот, здружението Алијанса на македонските Бугари, подолг период преку својот сајт ви нуди да аплицирате за работно место, па дури и прашуваат-  дали можеби се гледате како министер, пратеник, советник во општина, судија, обвинител, градоначалник.

Матеја Петровски

Advertisements