Држава и партија: За ДУИ, Али Ахмети, Артан Груби и Бујар Османи нема никаква разлика
Држава или партија, за ДУИ изгледа нема разлика. Партиските информации ги шират портпаролите платени од државни пари, во овој случај еден од членовите на ПР тимот на Министерството за надворешни работи. Преку официјалната вибер група на МНР за комуникација со медиумите, новинарите беа известени дека Бујар Османи добил нова партиска функција.
-Генералниот совет на ДУИ денес на предлог на претседателот Али Ахмети го избра Бујар Османи за потпретседател на ДУИ, напиша еден од портпаролиме на Османи.
Мешањето на партијата и државата предизвика негативни коментари кај дел од новинарите, кои реагираа и дека ПР тимот на Османи не покажува ваква ажурност кога се новинарските прашања за работата на МНР.
-Можеби за одговори од МНР чекаме и со месеци, ама затоа ПР секторот е тука да не извести и за партиски активности, напиша еден новинар.
-Сериозно како партиска функција има врска со МНР?, праша друг новинар.
-Дека државата одвоена од партијата де…, напиша еден новинар.
Кога е ДУИ во прашање не е прв пат државните ресури да се користат за партиски цели. Најчест пример е министерството на Артан Груби кое по потреба станува и партиски штаб на интегративците, каде Али Ахмети си ги остварува своите средби. Така беше и пред една недела кога се сретна со претствнците на Вајмарската тројка, министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Полска.
Во просториите на Министетрството за политички систем, во ек на пандемија, без почитување на протоколите за ковид 19, беше прославен и роденденот на Ахмети. Тогаш сите кои каснаа од лидерската торта добија казна од по 20 евра.
Просториите во строгиот центар на Скопје се користат и за разонода на функционерите на ДУИ.
Злоупотреба на државните ресурси кога е ДУИ во прашање можеме да видиме и со службените возила, функционерите на интегративците редовно си ги користат кога одат на партиските состаноци.
Според многумина Министерството на Груби важи баш само за партиско на ДУИ, таму се вдомени повеќе од 400 луѓе, а некои конкретни проекти нема, таму се главно е организирање прослави, за кои многумина велат дека се само за промоција на Груби, Ахмети и нивната партија. Една од нив е онаа ланската за годишнината од Рамковниот договор, кога водителката на настанот беше исвиркана кога проговори на македонски јазик.
Матеја Петровски