Државата не прави доволно за луѓето со посебни потреби

Се уште има училишта каде нема пристапни рампи,а голем дел од училишните згради ја немаат потребната инфраструктура за движење на лица со телесен хендикеп. Државата не вложува доволно, за лицата со попречености активно се вклучат во образовниот систем , е отценката  од неколкумесечното истражување  на невладината фондацијата „Чекор по чекор„.

  Изјава-Елена Мишиќ-невладин сектор

  „Не сите ученици имаат потешкотии со движењето. Имаме ученици за кои пристапноста не е пречка. Меѓутоа не се преземаат на државно ниво доволно мерки за да се поддржи заддоволувањето на нивните потреби. Не секое дете има потреба од рампа, меѓутоа има потреба од дополнителни дидактички помагала„ рече Елена Мишиќ, ..

 И додека училиштата кубурат со дидактички помагала, стручен кадар, образовни асистенти , за среќа свеста на граѓаните се менува. Се рушат бариерите и стереотипите кон луѓето со попречености, вели Зоран Мијалков, татко на две аутистични деца. Ако со постариот син имал проблеми со неприфакање, сега со вториот кој е седум години помал има друго искуство. Го канат на родендени, го дружат, а имат и образовен асистент.

  „Во рок од седум години  има подобрување во инклузијата на децата. Уште треба да се работи . Обично по еден до два часа имат работа со стручните служби. Се поголем е бројот на деца со посебни потреби и треба да се работи на зголемување на тимовите„ рече Зоран Мијалков, родител.

Во рамки на овој проект основно училиште во Штип доби сензорна соба.

Александра Ристевска

Advertisements