Најдоцна до крајот на месецов на вработените задолжително мора да им се исплати регрес за годишен одмор, односно К-15, кој годинава изнесува 12.740 денари. Фирмите кои нема да го исплатат ќе се соочат со високи казни, алармира Сојузот на синдикатите на Македонија. Од таму велат дека новина е тоа што и а административците ќе добијат К-15.

  • Некои вработени веќе го добија регресот од своите работодавци, но тие се во многу помал број, а најзначајните исплати се очекуваат во деновите пред нас. Доколку е пријавен на половина работно време (20 часа неделно), на работникот му следуваат најмалку 10 работни дена годишен одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес. Оваа година, и 12 илјади административци ќе добијат К-15, согласно со гранскиот Колективен договор за вработените во јавниот сектор, потпишан во 2020 година меѓу УПОЗ и МИОА. Значи, пари за регрес нема да добие целата администрација, туку само оние 12.000 за кои е утврден фиксен износ од 9.000 денари, вели Трпе Деановски од УПОЗ.

Досегашните искуства покажуваат дека исплатата на К-15 во многу сектори не оди мазно, зашто дел од газдите со грубо заобиколување на правилата, им исплаќале на работниците од 100 денари до без малку 13.000 денари. Најчестата злоупотреба се прави со префрлање на парите на трансакциската сметка, но со „тивко договорена“ обврска работникот да му ги врати парите на газдата во кеш.

Сетоа ова експресно било пријавено, а казните за злоупотреба изнесуваат од 2.000 до 4.000 за компанијата, но и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице. Во Одделот за работни односи на Граѓанскиот суд до сега биле поднесени блзу 4.000 тужби, со основ надоместоци.

  • Од јануари до јуни оваа година, до Сојузот на синдикатите на Македонија пристигнале 4.404 пријави од работници на кои им било прекршено правото на регрес за годишен одмор, утврдено со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, како и со гранските колективни договори. На пријави поднесени од ССМ, Државниот инспекторат за труд извршил 467 инспекциски надзори и констатирал вкупно 188 неправилности за кои се донесени решенија, вели Деановски.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени кои имаат остварено најмалку 6 месеци непрекинат работен стаж во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен на неопределено, или определено време. К-15 се исплаќа до крајот на годината, односно до 31.12, а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40% од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци. Годинава таа сума треба да биде 12.740 денари.

Борис Грујоски

Advertisements