До кога ќе молчи Ковачевски? Синот на Ахмети ќе гради фотоволтаична централа со гаранција за кредит од државата?
Во екот на најголемата економска и енергетска криза , бизнисот со фотоволтаици стана омилен за политичарите и нивните семејства . Производството на струја од сонце е во подем , ама изгледа станува екслузивно прво за најблиските на оние кои се на врвот на државата
Најново, синот на коалициониот партнер Ахмети ќе го проширува бизнисот со струја . Откако како што беше објавено архитектот Шкумбин регистрираше фирма и стана одговорно лице на друштвото за производство, трговија и услуги „ Тхеас Енергу Дооел “ во Зајас ,сега заедно со братучедите ќе градат фотолтаична централа од 60 МW во Кичево, вредна 35 милиони евра обелодени опозицијата . Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека е побаран кредит за ова од една банка за изградба на фотоволтаична централа и се сомневаат дека била дадена барем усмена гаранција од Ковачевски дека бизнисот ќе се реализира . Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ пак му порача на Ахмети да престане да го вплеткува семејството во криминалот.
„Тој човек, кој што себеси се претставуваше како борец за човекови права пред 20 години, изгледа раководен од неколкумина околу него, ќе заврши како човек длабоко вплеткан во криминал, но за жал, го вплеткува и сопственото семејство. Тоа не е добро. Би го советувал, да тие малкумина советници околу него кои што на овој начин го советуваат да испраќа пораки во јавноста – да им ги промени позициите или да престане на овој начин да го вплеткува семејството
Колеги во енормно доходовниот бизнис со производство на струја се и сопругата и кумот на Ковачевски . Елена Ковачевска е еден од петтмината сопственици на компанијата „ Сол груп 5 ДОО Скопје“ , која ќе гради 1.8 мегаватна фотоволтаична централа. Сопругата на Премиерот купи државно земјиште по само 70 евра за квадрат , ама Ковачевски не бил на седницата на која и се даде амин за ова земјиште. Парите пак со кој инвестирала во бизнисот биле нејзини, нејзиниот сопруг немал никаква врска со нив.
Тоа е нејзина инвестиција која ја има направено со свои сопствени средства. Без моја помош, зошто би имала помош од мене во таа работа. Тоа е инвестиција која може секој граѓанин на државата да ја направи и голем дел на граѓани инвестираат средства во приватни компании.“ кажа на 13.12. 2022 Димитар Ковачевски, Претседател на влада.
Енергетскиот бизнис стана фамилијарен во семејството Заеви . Синот на поранешниот премиер Душко Заев, на 18 години основаше претпријатие за производство на електрична енергија – Тотал Енергџи во Струмица.
Братот и таткото на поранешниот премиер пак се на чело на Солар Грин Енерџи и минатиот месец почнаа да бараат соодветен кров од објект каде ќе ја поставан првата фотоцентрала од 315 киловати.