До бугарски пасош за 650 евра и за две години-посредници се рекламирата на социјалните мрежи

За 650 евра и за две години  добивате бугарски пасош и отворена врата за Европа. По социјалните мрежи врие од огласи во кои посредници од Македонија нудат бугарско државјанство и пасош.

Целата постапка оди преку нив, тие се добро упатени и имаат релации со бугарските институции. Во разговор со посредник во кој му се напомена дека имаме интерес за вадење на бугарски пасош,  дознаваме дека сега постапката е поригорозна поради затегнатите односи на релација Скопје – Софија. Претходно, според неговото работно искуство како посредник, многумина со леснотија ваделе документи иако не ги исполнувале условите за да станат Бугари.

Посредникот е оптимист дека со влегувањето на Бугарите во Уставот, исто како и во Србија така и кај нас, со една изјава во Управата за матични книги ќе може да се извади нов извод со бугарска националност.

Истиот ваков став го дели и скандалозното бугарско здружение Фондација Македонија од Софија кои се повикаа на етничката графа на новите изводи на кој инститаше министерот Лога, но иницијативата падна на Уставен. Од здружението ја засилија реториката во која наведуваат дека отсега натаму Македонците само со 250 денари и нов извод може да станат Бугари.

Македонците иако се најбројни баратели на бугарски пасоши, сепак споредено со бројките на издадени пасоши во годините претходно 2021 и 2020, покажува дека трендот на вадење бугарски пасош е повеќе од преполовена Лани од вкупно  7.410 пасоши издадени бугарски пасоши, само 1.992 завршиле во рацете на македонски државјани, стои во статистиката на Еуроактив.

Во 2021 Бугарија издала 7.696 пасоши на Македонци, а во 2020 на 9.098.

Од 2010 до денес,па наваму, 84.786 бугарски пасоши се доделени на македонски граѓани.ж

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста