НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дојранско езеро: Спасени тројца од чамец зафатен од силно невреме

Драматична спасувачка акција во Дојран. Тројца биле извлечени од водите на езерото од чамец кој бил завлечен во длабокиот дел од силно невреме.

Тим на граничната полиција денеска спасил три лица во чамец зафатен од невреме во Дојранското езеро.
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека утрово, околу 8:30 часот, на единствениот телефонски број за итни повици 112, се јавил човек кој со уште двајца бил во чамец кој поради ветрот и брановите бил оддалечен од брегот. И покрај постојаните обиди тие не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот.

„Тим на граничната полиција врз основа на координатите добиени од ЦУК ја лоцирал точната позицијата на чамецот кој бил однесен длабоко во немирните води на езерото, со глисер влегол во бурата и во една драматично спасување проследено со силен ветер и големи бранови, успеал неповредени да ги извлече трите лица кои се наоѓале во голема опасност“ соопштија од ЦУК.