„Дојде живот“ за функционерите, ама им го земаат на студентите: Одземени сите грејни тела во домот „Гоце Делчев“

Владата повторува дека треба да се штеди, ама не ги скрати своите џебови, туку удри по елементарните услови за живот на студентите. Во студентскиот дом „ Гоце Делчев“  им биле одземени грејните тела, и не само тоа. Добиле закана дека ако повторно вклучат некое грејно тело ќе бидат избркани од студентскиот дом . Информацијата ја обелоденија од движењето „ Студентски отпор“. Алармираат дека студентите во текот на целата зима и во други студенски домови не биле изземени од антикризните мерки  – нешто што им беше ветено од Владата.

Гледаме дека и покрај тоа што беше најавено дека студентите ќе бидат изземени од антикризните мерки на Владата , тоа не го гледаме во пракса што беше пример и во текот на зимата , на студентите во другите студентски домови им беа гаснети ливтовите, немаа топла вода не беа изземени од антикрините мерки а тоа гледаме дека продолжува и понатака и тоа го покажува и последниот пример во студентскиот дом „Гоце Делчев“ каде им беа одземени грејните тела . Говориме за елементарни услови за престој за хигиена . Многу е жално и иронично во 2023 година во 21 век да говориме за вакви елементарни услови на престој и хигиена, вели Милица Давчева од „ Студетски отпор“ .

Власта нема никаков слух за нашите барања –  ништо не е исполнето , реагира Давчева. Додека по цела вечер се осветлени Владата , Собранието и останатите институции, а функционерите ќе си добијат повисоки плати,  студентите живеат во страшни услови.

Покачени се платите на функционерите , осветлени се Владата и Законодавниот дом и други институции по цела вечер , но сепак се прават рестрикции и профит врз академските граѓани на иднината на нашата држава. Државата не прави никаков напор да го заштити младиот човек , додава Давчева .

Студентите се децидни – Власта еднаш мора да слушне . Не ја исклучуваат можноста повторно да се радикализираат на улица со протести и блокирање на раскрсници .  Последно студентите протестираа кога Владата се обиде да ја намали висината на студентскиот оброк , по што беа повикани на средба во Собранието кога покрај зголемување на висината на студентскиот оброк им беше ветено дека  веднаш ќе се преземат активности за подобрување на условите во студетските домови онаму каде е најкритично.

Кристина Алексиеска

Advertisements