Дојави за бомби во ГТЦ, ИСТ ГЕЈТ, МНР, средни и основни училишта во Скопје и Кавадарци, сите лажни

Лажни дојави за бомби го евакуираа речиси цело Скопје и едно училиште во Кавадарци. За прв пат дојава за поставена експлозивна направа стигна на адреса на државна институција, во Министерството за надворешни работи. Денеска евакуирани беа и вработените и посетителите во  Градскиот трговски центар како и од ТЦ Ист Гејт , граѓаните од Џевахир сити и учениците и вработените од девет училишта во Скопје.

Направени се сите потребни проверки во  врска со денешните пријави од училишта и други објекти во Скопје и Кавадарци кои добиле порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна најава и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР.

За прв пат дојави за бомби имаше во приватни објекти пред три дена. Лажни закани за поставени експлозивни направи имаше во  трговските центри Ист Гејт и Бисер, Стамбено-деловниот комплекс „Флет Ајрон“ во Кисела вода, централната железничка станица, а за првпат и во полициската станица Беко, во Центар.

Ова беше втор случај за  пријава на бомба во Кавадарци . Минатиот понеделник цел на лажни бомбашки најави беа две средни и три основни училишта во градот.

Кристина Алексиеска

Advertisements