Дојава за бомба на скопскиот аеродром, откажани се сите летови

Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници, екипите се на терен и го скенираат целиот објект. Патниците кои требало да полетаат од Скопје во паника ја напуштале зградата на аеродромот, дознава Алфа, а вработените биле приморани да излегуваат надвор, во очекување на расветлување на случајот.

Деновиве цел на дојави за бомби се институции, основни и средни училишта, трговски центри и станбени објекти. Само во текот на вчерашниот ден имаше 49 дојави за поставени бомби, меѓу кои и училишта во Кавадарци.

Advertisements