„Доста трпевме“, ова е вистината за ГТЦ – дуќанџиите на протест пред Владата, бараат одговорност од менаџментот
Дуќанџиите од ГТЦ излегоа на протест пред Владата, и бараат да се промени начинот на управувањето со Трговскиот Центар, а тоа е итно решавање на еден куп проблеми на законската регулатива. Сопствениците сметаат дека недомаќински се управува со ГТЦ на штета на нивниот имот. Бараат договори за снабдување со лиценциран снабдувач на струја, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор. Од менаџментот на ГТЦ за Алфа велат дека работат според Закон.
Сметките за струја да ги плаќаме според потрошеите киловат часови и да имаме увид во броилата кои се читаат, а не да плаќаме и до пет пати поголем паушал, бараат на дуќанџиите од ГТЦ кои излегоа на протест пред Владата. Тие се револтирани од, како што велат недомаќинското управување на раководството на акционерското друштво кое управува со 600 сопственици на деловни простории.
- Бараме да ни овозможите склучување на договори за снабдување со електрична енергија и топлинска енергија со лиценцирано правно лице со методологија за пресметка на електрична енергија одобрена од РКЕ, како што е тоа овозможено и спроведено за сите потрошувачи во другите трговски центри. Бараме да ни овозможите инсталирање броила за електрична енергија од лиценциран снабдувач со електрична и топлинска енергија и да имаме увид во истите како што е тоа овозможено и спроведено за сите потрошувачи во другите трговски центри, во согласност со Законот за енергетика, велат од Здружението на дуќанџии при ГТЦ.
Еден од главните проблеми бил скандалот кој изби со копањето, па така огромните сметки биле распоредени на дуќаните кои не ја потрошиле, а платиле високи смеки за струја, без да имаат увид во потошувачката.
- Откога изби скандалот дури со „копањето“ на криптовалутите, сметките за струја како да се намалени. Од менаџментот на Трговскиот центар никогаш не добиваме конкретни одговори, кога и да се сретнеме, се некако кажуваат како на нив што им одговара, вели за Алфа Симон Ендровски, сопственик на дуќан во ГТЦ.
Дуќанџиите бараат и директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на струја, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, како и договори за парно греење со лиценциран снабдувач. Ги покажаа сите склучени договори кои им биле ескпесно отфрлени.
- Јасно ќе кажам дека веќе подолго време алармираме на недомаќинското управување на АД ГТЦ, и тоа на штета на нашиот имот и на имотот во сопственост на државата. Овие броила се од времето на поранешна Југославија, и бараме тие да се променат, вели Иван Алексов, од Здружението на сопственици на ГТЦ, кој презентираше докумети на табла пред Влада.
Првиот човек на ГТЦ за Алфа рече дека ваквите барања на дуќанџиите биле не основани и дека работеле според Закон, и трошоците биле делени според потпишаните договори.
- Градскиот Трговски Центар сега не поседува лиценца струја и за парно, односно за енергија, да, а зошто? Зашто не треба. Таа ќе ја добие и ќе ја поседува кога ГТЦ ќе стане затворен систем, до тогаш, се си работи како што треба, вели меѓу другото за Алаф Ѓоко Трајчевски, Генералниот директор на ГТЦ.
Инаку скандалот со ГТЦ, околу сметките за струја доби на динамика откако беше откриено копање биткоини во подрумските простории од страна на компанија на Елвис и Габриел Бајрам. Директорот на ГТЦ најави тужби за фитмата која вршела злоупотреба.
- Семејството Бајрам, за магацинот, учествуваа на јавен оглас. Секој може да аплицира за добивање на простории, и ако ги исполни условите ќе добие. Фирмата на семејството Бајрам беше заинтересирана учествуваше и направила што направила, ќе си одговара секој што го прекршил Законот, рече Трајчевски за Алфа.
За тој период, колку што се претпоставува дека траело „копањето“ на криптовалутите, сметките надминале 800.000 евра, пари кои им биле фатурирани на сите дуќанџии во Трговскиот.
Борис Грујоски