Донев: Отпорот на Македонците за внесување на Бугарите во Уставот е реакција на политиката на Бугарија

Очекуван е зголемениот отпор кај македонската јавност за внесувањето на Бугарите во Уставот. Аналитичарите објаснуваат дека политичкиот амбиент кај источниот сосед од една и однесувњето на етничките Бугари во Македонија од друга страна го зголемуваат револтот кај Македонците. Масло на огнот се додава и со непризнавањето на македонскиот народ и јазик вели поранешниот амбасадор Јован Донев.

  • Реакцијата на македонската јавност е во однос на изјавите на бугарските политичари, резулуциите кои ги донесоа и.т.н., непризнавањето на македонскиот народ  и јазик не е нешто што сигурно Македонците кои ќе го прифатат. Втората работа е исто така битна, однесувањето на етницчките Бугари во Македонија. Тие ниту на еден на друг начин не водат сметка дека се наследници на фашистичкиот окупатор во втората светска војна. Меѓутоа тоа е многу густ период, многу е свежо, луѓето сеуште имаат сеќавања“ наглсува поранешниот амбасадор Донев.

Согласно последната анкета на Институтот за демократија, дури две третини од македонските граѓани или 65 проценти се против внесување на Бугарите во Преамбулата. Според етничката припадност, мнозинство од 80% на етнички Македонци се против уставни измени, додека пак, 53% од испитаниците  идентификувани како етнички Албанци даваат поддршка на уставните измени. Донев потенцира дека отворањето на Уставот е прашање за кое треба да одлучат Македонците, и посочува дека пазарот на албанскиот политички блок е погрешен.

  • Првото владата требаше да се стави прст на чело кога размислуваше да ги стави Бугарите во Уставот без да има поддршка од опозицијата, без никаква јавна дебата по ова прашање. Оваа владејачка гарнитура во суштина нема однос кон јавноста, гледа тоа што го зацртала да го оствари, да го внесе во Уставот и повторно прави грешка. Особено албанските политички партии кои прават грешка. За внесувањето на Бугарите во Уставот е прашање за кое треба да одлучат Македонците. Не може Бујар Османи да преземе улога на медијатор“ вели Донев.

Освен анкетата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и Фондацијата „Конрад Аденауер“, дека мнозинството македонски граѓани се против уставните измени покажа и истражувањето на јавно мислење на мкд.мк и ИРИ.Позитивен став во врска со уставните измени за запишување на Бугарите во Уставот имаат само 20%  од испитаниците, додека негативен став имаат приближно половина или 48,7% покажа анкетата на МКД.МК. И според мерењето на јавно мислење на ИРИ, со внесувањето на Бугарите во Преамбулата „силно не се согласуваат“ 38 проценти од испитаниците со тоа, додека 11% целосно се согласуваат. Истите анкети покажаа и зголемен евроскептицизам кај македонските граѓани.

Викторија Миткова

Advertisements