Донаторот на ДУИ , фирмата „Еуровиа„ доби нов тендер вреден нешто над еден милион евра

Еуровиа продолжува да добива државни пари .  Повеќе од 1 милион евра за регулирање на одводен канал во Арачиново ќе добие фирмата донатор на ДУИ .  Еуровиа е избрана на тендерот од Министерството за животна средина и просторно планирање , а критериумот бил најниската понуда .

Според она што стои на сајтот за јавни набавки,  фирмата од Желино ќе биде ангажирана 22 месеци, односно до 2025 година , а е одбрана како најповоолна покрај две други компании. Највисоката добиена понуда била 69.906.067 денари  , а најниската 55.142.554

 Според договорот на пример за  припремни работи меѓу кои и поставување на информативна табла, изградба на WC  , мерки за заштита при работа , расчистување на теренот од дрва , грмушки и трева , привремен ископ и насип во коритото за свртување на водата , Еуровиа ќе добие 316,386 .

Инаку, компанијата  донатор на ДУИ  во последните години се повеќе ја зголемува соработката со власта .  Изминатите 10 години Еуровиа доби 16 милиони евра од народни пари, а само во 2023 околу 6 милиони евра .  Групацијата стана позната на јавноста откако го доби милионскиот тендер за опремување на спортската сала Борис Трајкоски за министерскиот совет на ОБСЕ .   За скандалозниот избор се крена цела јавност на нозе, а расчистување на случајот побараа и антикорупционерите  но очигледно тоа не е пречка компанијата да продолжи да добива народни пари .

Покрај опремувањето на спортстака сала за 1.8 милиони евра , името на Еуровиа се појави и во изградбата на коридорите  8 и 10 д .  Во јавноста се појавија информации дека фирмата ќе биде подизведувач на автопатите, а координаторот на проектот Артан Груби ниту ја негираше ниту ја потврди информацијата . Тој немал врска со изборот на подизведувачите, тоа го правеле „ Бехтел и Енка“ 

За Групацијата Еуровиа преку државните тендери дознаваме дека нуди широко порфолио. Се појавува како победник на тендерите за испорака на капсули за кафемати, клупи за паркови, храна за болници и добиени се  договорите за изведба на неколку градежни објекти.

Според информациите во јавноста, во изминатите три години Сопственикот на Еуровиа Елмедин Адеми и фирмите блиски до него донирале на ДУИ речиси 160 илјади евра , а 100 илјади само минатата година . Иако законот строго забранува политички партии да се финансираат од компании кои во моментот кога донираат на партија вршат јавни услуги.  Сопственикот Адеми негираше дека Еуровиа која ќе го опремува Борис Трајкоски била донаторот на ДУИ, бидејќи имало повеќе фирми во групацијата и со тоа смета дека не го прекршил законот и порача дека немало да се повлече од државни тендери .

Кристина Алексиеска

Advertisements