Домашното производство во слободен пад, власта се фали, земјоделците се жалат – ќе има ли кој да ги посее нивите?!

Домашното производство во слободен пад, власта се фали, земјоделците се жалат – ќе има ли кој да ги посее нивите?!

Македонија има се помалку домашно производство на храна. И она што го има, добар дел заминува надвор од државата зашто, според земјоделците, било далеку подобро платено за разлика од кај нас. Иако власта се пофали дека земјоделството цвета, сепак сликата од терен е дека нивите остануваат пусти, зашто нема кој да ги работи. Иселувањето, односно напуштањето на руралните средини, ниските откупни цени на производите добиени од фарма, зголемените трошоци и еден куп причини придонесуваат за континуиран пад на бројот на говеда во земјава, а со тоа и на намалување на произведеното месо во нашата земја.

Капак на се е новата Владина мерка за намалување на царинските давачки за увоз на зеленчук и овошје, која наиде на критики од страна на земјоделците кои работат со последни сили. Сметаат дека граѓаните ќе купуваат поевтина храна од соседството, но за жал со лош и сомнителен квалитет. И покрај се, министерот за земјоделство е оптимист дека ќе биде добро.

Според Николовски, земјава секогаш ќе увезува и ќе извезува, но мора, пред се, да се штити домашното производство и да се овозможи, како приоритет, најпрво домашниот пазар да се снабди со наши, македонски производи.

  • Се изборивме клучните производи, за кои имаме производство во октомври и ноември, целосно да бидат изземени овие два месеца од Одлуката за намалување на царинските давачки. Тоа се доматите, краставиците и пиперот зашто, ако ги прочитате бројките, немаме поголем увоз, туку имаме три пати поголем извоз во овие два месеца. И во периодот кога е извозот, односно кога го имаме производството, царината нема да биде намалена. И оризот е целосно исклучен од Одлуката зашто беше предлог и оваа култура да биде со намалена царинска стапка. Наша надлежност е да ги поддржуваме домашните производители. Проверете ги количините, да зборуваме со факти. Зборувам за најголемото домашно производство и ќе повторам сто пати, дека пиперот, доматите и краставиците се најголемото македонско производство со кое треба да се гордеееме. Тие се бренд на државата. Има три пати поголем извоз во овој период и затоа не дозволивме да се намалат
    царините, за да не бидат пазарите и маркетите преплавени со други поризводи од надвор
    , изјави Николовски.

Македонските производители и земјоделци се соочуваат со високите трошоци и најавуваат натамошен раст на цените, ако не се преземат сериозни мерки, со кои би се помогнале домашните земјоделци и сточари.

Јавноста прашува како е можно кромид и пиперки да увезуваме од странство, а ние, наште да ги извезуваме во соседството. Увозните давачки од 65 се намалени на 10% за оризот, брокулата, карфиолот, морковите, тиквичките и кромидот.

Експертите предупредуваат дека времето на евтина храна помина, а највисоката точка на кризата со храната се очекува допрва. За тоа да се ублажи, државата мора сега и веднаш да ги покачи платите за граѓаните за уште повеќе да не потонат во сиромаштија.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста