Доматите и пиперките станаа луксуз во земјоделска Македонија

Цените на зеленчукот никако да паднат, а на зелените пазари тезгите се се” попразни. Скапите ѓубрива  и нафтата вртоглаво  ги кренаа цените на раноградинарските култури.  Производствените трошоци двојно се зголемија, па сега тешко може да се наплати трудот на земјоделецот. Засега нема најава за намалување на цените, посочуваат откупувачите.    

Се е покачено и нафта и ѓубре. Со тие цени не можеме а излеземе на крај. Тешко дека ќе се намалат.  Не остана народ во државата, сите испобегаа во странство. И таму работат на нивите, ама земат по 2000евра, а ние овде едвај врзуваме крај со крај„-велат продавачите на градскиот пазар во Штип.

Скапиот зеленчук ги изгоре граѓаните, посебно оние со ниски примања, какви што има се повеќе во државата. Велат ако порано единствена надеж за поевтино преживување им беа доматите и пиперките, сега со овие цени им се вистински луксуз..

Многу скапо! Ако порано купував по 2-3 килограми, сега купувам половина.Еден килограм домати  е 100денари што е многу, многу е, ама и земјоделците мора да живеат од нешто. Со вакви цени на нафтата и репроматрејалите тешко се излегува на крај„-велат граѓаните.

Од година во година се намалува производството на градинарските култури. Во споредба со другите години, површините посадени со зеленчук се намалени за повеќе од 30%. Според експертите, руско-украинскиот конфликт ќе нанесе силен удар врз производството на храна, а енормниот скок на цените на енергијата и осебено цените на минералните ѓубрива  директно ќе го погодат македонското земјоделие. 

Александра Ристевска