Доктор Кафе: Неколку шолји на ден за подобро здравје

Постојат поголем број намирници и пијалаци кои не би требало да се конзумираат премногу често, но кафето не е на таа листа. Еве и зошто.

Точно е дека премногу кофеин може да предизвика нелагодности како несоница, немир и забрзано работење на срцето, но во умерени дози кафето навистина може да придонесе за подобра здравствена состојба на целиот организам.

Алцхајмер и деменција – Метаанализа на истражувања за влијанието на кафето врз мозокот покажува дека љубителите на кафе имаат отприлика 16% помалку шанси да заболат од Алцхајмер или деменција.

Срце – Ревизија на повеќе од 200 истражувања за влијанието на кафето врз срцето покажува дека луѓето кои пијат 3-4 шолји кафе на ден имаат 19% помали шанси за смрт од кардиоваскуларни заболувања.

Депресија – Големо истражување во кое учествувале 50 илјади жени покажало дека една шолја кафе на ден го намалува ризикот од развивање депресивна состојба за 15%, а две до три шолји кафе на ден процентот го зголемуваат на 20%.

Дијабетес тип 2 – Едно големо истражување покажа дека секоја дополнителна шолја кафе на ден е поврзана со намалување од 7% на ризикот од заболување со дијабетес тип 2.

Рак – Студија објавена во европскиот магазин за првенција на канцер покажува дека пасионираните кафеџии (минимум 3 шолји на ден) имаат 18% помали шанси да добијат рак на црниот дроб, усната шуплина, слузницата на матката и простата.

Црн дроб – Девет истражувања покажуваат дека кафето го намалува ризикот од цироза. Една шолја кафе на ден го намалува ризикот за 22%, две за 43%, три за 57%, а четири дури за 65%, пишува метро-портал.