Доколку сега има избори ВМРО-ДПМНЕ би добиле 50 пратеници а СДСМ само 24

На следните избори се очекува 25 пратеници разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – покажува најновата анкетна анализа на меѓународната истражувачка агенција ИПСОС.

Анализата пресликана во пратенички мандати кога Македонија би била една изборна единица, индицира драстична промена на парламентарното мнозинство. Па така, ВМРО-ДПМНЕ би осовиле 41% од гласовите, кои за опозицијата ќе значат најмалку 50 пратеници.

Владеачката СДСМ на следните избори би изгубила половина од моменталниот пратенички состав со само 19% од гласовите, односно 24 пратеници. Се очекува ДУИ да остане во рамките на своето гласачко тело со 15 пратенички места. Зголемена разлика кај Левица, кои може да очекуваат над 10 нови пратеници, Алијанса на албанците со безмлау 6% од гласовите може да очекуваат 7 пратенички места, додека пак 9% се изјасниле за трети партии, односно 10тина пратенички мандати.

Истражувањето на ИПСОС презентира потенцијални резлутати кога Македонија би била една изборна едина. Имајќи предвид дека нашиот изборен модел се уште се основа на 6 изборни единици, прави распределбата на гласови по политички партии да ги срушат надежите на Левица и помалите партии и со примена сегашниот модел за пресметка, дополнително да се зголеми разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале најмалку 355 илјади, за СДСМ 170 илјади, за ДУИ 110 илјади, за Левица 100 илјади, за Алијанса за Албанците 50 илјади, а за други партии би гласале 75-80 илјади граѓани. Што пак покажува 200.000 гласа повеќе за опозицијата во споредба со власта.

Според истата анкета 58% од испитаниците не го поддржуваат францускиот предлог за надминување на спорот помеѓу Македонија и Бугарија. Поддршка дале 26%, а 16% одбиле да одговорат.

36 отсто од испитаниците дале оценка 1 за досегашното работење на Димитар Ковачевски како премиер на Република Македонија. Двојка дале 15 отсто од испитаниците, тројка – 20%, додека пак за многу добар, премиерот го сметаат 11% од испитаниците, а дека е одличен само 8%.

Оваа теренска анкета е спроведена од агенцијата ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, на јавното мислење на 1.014 испитаници за периодот од 01 до 18 јули 2022 година.

Никола Цветкоски