Договорот за Добрососедство предвидува дебата за историјата

Член 8 и член 12 став 2 од Договорот за добро-соседство се замката за Македонија . Овие два члена на Бугарија ќе и дадат право да поставува вето кога ќе посака, но тие значат и де-факто ставање на историските прашања како услов од ЕУ.

Член 12 предвидува заедничка меѓувладина комисија да одржува редовни средби еднаш годишно, да се контролира дали се применети мерките за подобрување односите помеѓу Бугарија и Македонија, заедничката историска комисија да поднесува извештај за својата работа пред владите на двете земји.

Заедничката меѓувладина комисија ќе одржува редовни средби еднаш годишно, со цел преглед на ефективната примена на овој Договор, примена на мерки за подобрување на билатералната соработка, како и решавање на прашања, кои се појавиле за време на исполнувањето на Договорот. Секоја од Договорните страни може, по потреба, да предложи организирање на дополнителни средби на Заедничката меѓувладина комисија.

Практично, доколку Софија е незадоволна ќе каже дека не се почитува Договорот, Ако не се почитува договорот, а е дел од преговарачката рамка, значи не се исполнети условите од преговорите. Бугарија нема да треба дури ни вето да стави, затоа што Европската унија е таа што преговара. 

И став 2 од членот 8 покажува дека историјата и историските настани се неминовни.

Двете Договорни страни ќе формираат Заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани историски извори, научно толкување на историските настани. Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на Договорните страни.

Својот параф на Договорот за добрососедство го ставија поранешните премиери на двете земји Зоран Заев и Бојко Борисов. Иако не се очекуваше да биде така, Договорот на крај стана најголем проблем за Македонија и моќно оружје на Бугарија да не блокира на европскиот пат.