Добри вести за Вардар пред дуелот со Нексе, се враќаат Јотиќ и Дисингер, нема нови позитивни на КОВИД-19

Добри вести за екипата на Вардар, каде освен Стојанче Стоилов ниту еден од останатите членови на овој клуб нема позитивен Ковид тест. Активностите на екипата продолжуваат според плановите пред саботниот дуел со Нексе во СЕХА лигата. Вардарци в сабота го дочекуваат хрватскиот тим во ревншот од четвртфиналето во региоалнито шампионат, што ќе биде нивни прв официјален натпревар по  прекинот поради пандемијата уште на почетокот од пролетта.  Последните информации говорат дека тренерот Стефче Алушевски ќе може за престојниот дуел со Нексе да смета и на Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер кои се пожалија на биолки во рамото односно коленото по настапот на Струшкиот тунир, но сега нивните проблеми се санирани. Клубот уште синоќа го објави протоколот за саботниот дуел во арената Јане Сандански каде освен тоа што е забрането присуствто на гледачи, ќе биде лимитиран и бројот на присутни претставници на медиумите, со цел почитување на препораките за превенција и заштита од Ковид 19.