Дијалог Белград – Приштина во Охрид

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Охрид се сретна со Премиерот на Република Косово, Албин Курти во рамки на дијалогот Косово – Србија посредуван од Европската Унија. високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел и специјален претставник на Унијата за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак најпрво остварија одвоени средби со Курти и Вучиќ, па потоа и заедничка средба со нив. Состаноците ќе се фокусираат на европскиот предлог за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.

Премиерот Ковачевски е домаќин на состанокот на високо ниво. Нашата стратешка цел е влез во ЕУ заедно со сите соседи,местото на Западен Балкан е во ЕУ географски, историски, политички и цивилизациски, особено во услови на геополитички превирања, длабока поделеност на светот и воена агресија на европскиот континент-истакна премиерот Димитар Ковачевски по средбата со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, како и по оставрените тет-а-тет средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.

Дијалогот е единствената алатка за консолидација на регионот и за европската интеграција на двете земји. Отворен дијалог со кој се решаваат отворените прашања од различни аспекти е од огромна важност и за регионалната стабилност,одржувањето на мирот и патот кој води кон просперитетна иднина не само за Србија и Косово, туку и за целиот регион.

Претседателот Стево Пендаровски порача дека позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани. На состанокот каде денеска се одвива продолжението на разговорите за договорот за пат кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, меѓу приситните се министерот за надворешни работи Бујар Осамани, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети.Ја имаш историската шанса да покажеш конструктивност со меѓународната заедница и да постигнеш договор, без притоа да има штета за Косово, чија независност е реалност, му кажал лидерот на ДУИ Али Ахмети на косовскиот премиер Албин Курти утрово во Охрид, информираат извори на ДУИ.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста