Дисциплинска постапка за инспекторот кој откри неправилности на Tетовскиот Универзитет

Инспекторот Ѓорѓи Илиевски кој го обзнани скандалот со дипломите за повисоко стручно звање од Тетовскиот Универзитет на министрите Арбр Адеми и Агим Нухиу, и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули треба да одговара пред дисциплинската комисија.

Откако пред само неколку дена токму Адеми им даде зелено светло на институциите да го истражат случајот, денес Државниот просветен инспекторат наместо да истражува нерегуларности, покрена дисциплинска постапка против Илиевски. Илиевски бара заштита од државата, откако добивал закани за да се скрие случајот.

– Причината е што сум направил несовесно работење, зашто сум открил незаконитост направени од функционери во Владата.Се обратив до Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет и Државната комисија за спречување на корупцијата и Инспекцискиот совет. Очекувам државата да ме заштити.Бев замолуван од министерот за образование да го сокријам, да го забошотам случајот. Бев замолуван од заменик-министерот за внатрешни работи. Ми укажа да внимавам дека имам семејство и деца, рече Илиjевски.

Постапката за одговорност ја покренал Африм Саљиу раководител на секторот за образование кој го водел вонредниот инспекциски надзор, а кој не утврдил нерегуларности со дипломите, а потпис ставил и директорот на инспекторатот Томе Спирковски. Од инспекторатот преку соопштение велат дека фактите на Илиевски немале конечност.

-Покренатата дисциплинска постапка се однесува на неговото изнесување на факти за предмети кои немаат конечност во постапката. При тоа од негова страна се изнесени факти за предмети кои се во развојна фаза и не се реализирани, стои во соопштението.

Адеми пак не бил заинтересиран за шминка, туку за реформи во образованието. Не го коментираше обвинувањата на инспекторот дека незаконски добил нова диплома со што бил унапреден од асистент м-р во доцент во период кога му мирува работниот однос на Универзитетот во Тетово.

– Не би се впуштил во коментирање на ваквите изјави, јас од прв ден сум изјавил дека ги охрабрувам инстититуциите на доследна примена на законите, вели министерот.

Укажувањата на вишиот просветен инспектор Илиевски за ректоратот во Тетово биле неосновани. Во моментов Антикорупциска веќе отвори случај по претставката на Илиевски потврди за Алфа првата антикорупционерка Билјана Ивановска. Вели комисијата работи на случајот и ги утврдува изнесените наоди.

Целосната документација Илиевски ја доставил и до премиерот, но наместо лично да се сретнат средба имало само со шефот на кабинет на Заев. Просветниот инспектор кој ги чешлаше добиените дипломи и документите во факултетот бара и средба со како што го нарече „вториот премиер“, Али Ахмети.

Имено, министерот за образование и наука бил унапреден од асистент м-р во доцент во период кога му мирува работниот однос на Универзитетот во Тетово. Иста е состојбата и со унапредувањето од доцент во вонреден професор на Агим Нухиу. За третиот функционер, помлад асистент м-р Сафет Емрули од помлад асистент во асистент во 2010 година, во 2013 во доцент и во 2018 во вонреден професор. На 19-ти месецов Илиевски треба да се појави пред комисијата.

Ивана Соколовиќ Најдова