Директорката Бухова се подбива со јавноста – Вели дека спорниот службен автомобил работел на батерии

На батерии. Ова беше потценувачкиот одговор кон јавноста на директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова, на прашањето дали нејзиниот службен автомобил користи бензин или дизел. Воедно, ги повика институциите да ги истражат информациите на Алфа телевизија.

– „На Батерии. Ја користам оваа прилика да ги замолам институциите кои треба и мора да постапуваат по наводите кои се шират по одредени медиуми, да постапат во рамките на нивните законски овластувања. Заедно ќе го дочекаме одговорот.“ – Одговори директорката Бухова.

Додека пак за повиканите надлежни институции, во овој момент, тоа не било тема на разговор. Ваков одговор добивме од првиот човек во министерството за здравство, Беким Сали, за тоа, дали ќе истражи како директорката од неговото министерство полнела и бензин и дизел во своето службено возило и како ги користи народните пари доделени токму од министерството за здравство. Препрашан повторно, министерот Сали одби да одговори и демонстративно си замина од прес-конференцијата.

Од комисијата за спречување корупција потврдуваат. Првиот инспектор задолжен за чистотата во болниците и операционите сали веќе е под нивна лупа.

– „По предметот оформен по поднесена пријава против Иринка Сотирова Бухова, директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, постапувањето е во тек. Се врши анализа на прибавените информации и документација.“ – Велат за Алфа од Државна комисија за спречување корупција.

Серијата документи до кои дојде Алфа покaжуваат дека директорката во истото возило полнела и бензин и дизел и тоа повеќе од капацитетот на резервоарот. Дека Бухова се служела со ваквата пракса подолг временски период го потвдуваат повеќе фисклани сметки, како и ред други документи. Па се поставува прашањето, колку и чии возила користеле директорско гориво платено од џебот на граѓаните?

Никола Цветкоски

Поврзани вести