Директори на јавни и државни претпријатија меѓу најплатените луѓе во Македонија

Директорите на  државните компании живеат најбогато во Македонија. Првите луѓе на  некои државните претпријатија заработуваат повеќе и од Премиерот и од Претседателот.

Премиерот заработува месечно 88.260 денари со 23 години стаж, по него од Владините министри помала плата за четири илјади денари зема Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , во која се пресметани и 20 отсто за извршување на гункцијата. Вицепремиерите земаат плата од 69- 73 илјади денари во зависност од тоа колку работен стаж имаат, а од останатите министри најниска плата има министерот за животна средина Насер Нуредини од скоро 66.000 денари, бидејќи имал само две години стаж, пренесува Радио Слободна Европа.

Најголема државна плата , очекувано зема претседателот Стево Пендаровски. Месечно претседателот заработува 92.941 денари со  36 години работен стаж.

Платите на премиерот, претседателот се доволни за да задоволат дури две потрошувачки кошнички во Македонија за просечно четиричлено семејство, во ноември според пресметките на синдикатот едно семејство троши над 51 илјада денари што е околу 20.000 денари повеќе од она што се заработува просечно во државава, или потребни се плус 33.000 денари ако семејството живее со една минимална плата.

Ама пак затоа директорите на државните компании дефинитивно не живеат лошо. 

Поголема плата од Премиерот и од претседателот земаат директорите на акционерското друштво за станбен и деловен простор (ПУИК), на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на регулаторните тела, на ЕСМ, на МЕПСО.

Директорот на ЕСМ на пример, Васко Ковачевски зарабтува 1700 евра или околу  104,550 денари, исто колку и директорот на МЕПСО , Орхан Мутрезани.

Во аферата која ја објавија од опозициската ВМРО ДПМНЕ наречена „паразити “,  беа изнесени податоците дека директорот на фондот за индустриски и технолошки развој заработува 1000 евра меселно или околу 60. 000 денари, Директорот на развојната банка пак заработува околу 2500 евра плата, а директорот на АЕК над 2.000 месечно. Според  овие податоци , најбогато живее директорот на Агенцијата за цивилно воздухоповство кој зема 3.300 евра или над 200 илјади денари.  Директорите на маккедонски железници заработуваат пак над 70 илјади денари, иако фирмата е загубар и должи 67 милиони евра.

Според анализата на РСЕ, најголема просечна бруто плата има во МНР, околу 2000 евра  а најниска во Министерството за политички систем.  Во министерството на Груби до година ќе има 69 вработени повеќе, но вкупната плата ќе се намали од 43.154 на 38.282 денари.

Кристина Алексиеска

Advertisements