НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дипломати: Уставните измени се уцена, треба да се оди на избори

Уставните измени се класична уцена и не треба да бидат прифатени, затоа што ниту една друга земја не направила уставни измени пред да пристапи кон Европска Унија.Иако уставот на пример на Грција во 82-ра година и оној на Бугарија во 2007-ма не беше компатибилен со европската конвенција за национални малцинската,двете соседни земји не правеа корекции во нивниот устав, бидејќи тие не признаваат малцинства-дециден е поранешнот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

  • Не се работи дали бугарите да влезат во уставот, се работи за нешто друго, тоа е само камуфлажа ,тоа е врвот на ледениот брег. Во членот 5 од преговарачката рамка прво се крие ревизија на македонската историја,второ туторство на македонскиот образовен систем и трето промена на колективната меморија на македонците, тоа дури и за европски рамки е неодозволено”-вели Ѓорчев

Притисокот на Европската комисија да се донесат уставни измени што е можно побрзо,е непринципиелен и зад сето ова не стои само Бугарија,тоа е повеќе желба на ЕУ да го одложи проширувањето ,а Бугарија е само искористена од некои големи европски земји кои се кријат зад нашиот источен сосед,уверен е Ѓорчев кој смета дека земјата треба да оди на избори, пред да се донесат било какви уставни иземни.Ова е заеднички став на македонските искусни дипломати. Ние треба да се водиме од тоа што е најдобро за нашата држава,затоа треба да има избори,да се види кој има најголема политичка моќ и багаж за да направи било какви промени понатака.

  • Според мене треба да се оди прво на избори, да се расчисти оваа политичка магла кај нас и да се види реалниот приказ на политичките сили во Македонија и потоа да се направи еден нов приод и кон самите соседи но и кон Европската комисија која е на некој начин официјален пишувач на таа преговарачка рамка што ни е најспорна”-вели Андреј Лепавцов.

Случајот со Пендиков и оној со претседателот на струшкото бугарско здружение “Шемето ”, Бекир Кадриески,се потези на подземни структури и немаат никаква врска со она што значи европски процес,но и тоа како се користи за ширење на лажна бугаризација на Македонија-ценат искусните дипломати.

Росица Гулабоска