});

Димовски: Уставот од 1991, востаничкиот устав од Кресненското востание и првиот устав на ТМРО да стојат во Преамбулата

Три историски документи да се вметнат во преамбулата на Уставот, предложи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој побара да се додадат Правилата на македонскиот востанички комитет на Македонското кресненско востание од 1878, Уставот на ТМОРО од 1896 и Уставот од 1991 година.
„Имам дилема дали да стои Охридскиот рамковен договор, но образложенеито на премиеот го прифаќам дека тој е во Уставот само името дека го нема. Има уште три правни документи кои трeбa да се во преамбулата. Првиот е правилата на македонскиот востанички комитет од Македонското кресненско востание од 1878 година. Во него се утврдува концептот на идната македонска држава. Во него разработени се меѓунационалните односи, односите со соседните народи и разработени се и социјални прашања“, рече Димовски.