Димовски разочаран: Наместо исполнување на ветувањето, од Владата ни понудија само кафе и вода, генерален штрајк ќе има

Ни понудија само кафе и вода, наместо повисоки плати. Ништо од ветувањето за линеарно зголемување од 2.806 денари. Ова го изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата, кој рече дека штрајк ќе има. Тој е разочаран од разговорите со владините претставници, зашто наместо одговор за подобрување на живеачата, власта ја поплукала дадената рака дека ќе добијат зголемување. 

  • Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува, рече претседателот на ССМ Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата.

Димовски рече дека утре ќе заседаваат највисоките тела на ССМ и се очекува експресно да биде донесена одлука за стапување во генерален штрајк.

  • Нема договор со Владата за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и утре ќе биде донесена одлука за генерален штрајк, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по двочасовната средба во Владата. Јас сум разочаран од разговорите со владините претставници, кои, како што посочи, имаа одговор за се, само не за главното – за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари, додаде првиот човек на ССМ по средбата.

Синдикатот бараше средба со премиерот, министрите за финансии и за економија, но ги примија само вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќо и министерката и за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

ССМ, на чија иницијатива недела е прогласен за неработен ден, не се согласува ниту со најновите Предлог-законски измени со кои се предлага недела да биде работен ден во туристичките места.

Одлуката за штрајк се носи зашто во Буџетот не биле предвидени ветените пари за работниците, кои сега им се и повеќе од потребни, зашто инфлацијата ја „изеде“ работничката плата.

Инаку генерален штрајк значи блокада на сите институции, и нивно оневозможување да работат.

Борис Грујоски

Поврзани вести