Димовски: Османи манипулира, доколу протоколите беа безначајни, тогаш Македонија може слободно да ги поништи
Исполнувањето на Договор за добрососедство е дел од преговарачката рамка со ЕУ, во него ги има членовите 8 и 12, кои предвидуваат одржување на меѓу-владини конференции, каде треба да се усвојат контроверзните и штетни протоколи кои пак, ги содржат и заклучоците од Историската комисија. Ова е вешто смислениот пат спакуван во француски предлог, преку кој македонската влада дозволи уцените и барањата за станат дел од преговорите со ЕУ. Настапот на Османи со таблата едноставно е манипулација и доколку тоа што тој го говори е вистина тогаш нема пречка спогодбите со Бугарија да бидат раскинати.
- „За жал тие протоколи, од 2019 и 2022 година, дополнително, дополнително надвор од Договорот за добрососедство, и без согласност на Собранието, без прифаќање и ратификација од Собранието, владата во име на државата презема нови и нови обврски. И сега, Бугарија многу јасно вели, но не само Бугарија, видете го и говорот на г. Ескобар во Американскиот конкрес, да нема да има нови услови освен она што досега е прифатено. Но оваа влада, тие обврски што ги прафати за македонскиот народ се наприфатливи“ вели екс-пратеникот Димовски.
За Димовски, манипулацијата има многу краткотрајно дејство и може да создаде нови поделби во општеството. Нема граѓани и политички структури кои се против Европскиот пат на Македонија, потенцира екс-пратеникот.
- „Треба да се преброиме, и да видиме кои од нас е спремен да тргува со македонските национални интереси, во таа насока. Мислам дека тоа треба да го надминеме во нашето оптество, и да создадеме национален консензус, кои ќе значи и патека кон ЕУ, но и зачувување на националните идентитески и етничките карактеристики исклучуво на македонскиот народ. За жал оваа влада го нема тој капацитет, уште помалку овој министер, кој си дозволи многу пати да тргнува со одлуки кои се одлучуваат на македонскиот народ, знаејќи дека македонскиот народ е против тоа“ вели Димовски за Алфа.
Македонскиот народ во моментов не ги носи одлуките за своите идентитетски прашања и ова мора да запре, во спротивно, вели Димовски, тоа ќе доведе до нови меѓуетнички проблеми. Бура рекации во јавноста и на социјалните мрежи предавањата на првиот дипломат Османи, кој со креда и црташе на македонската јавност, зошто било добро да ги прифатиме бугарските барања. Критикуваат експерти, дипломати, новинари, за кои, настапот Османи само потврдува дека власта очајнички се обидува да ја продаде и спроведе лажната слика на преговарачката рамка.
Викторија Миткова