Димовски му одговори на Димитров-избирачкиот список не е регистар на малолетници, осигуреници, земјоделци …

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во обид да го релативизира неуспешниот референдум, преку Фејсбук даде свое толкување за Избирачкиот список кој според него бил нереален, наведувајќи бројки на здравствено осигурени лица, малолетни лица и на иселени лица. На оваа пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски му одговори.

„Избирачкиот список не се прави врз база на регистар на осигуреници во здравство, земјоделци кои добиваат субвенции или писатели кои добиваат пари за издавање книги. Избирачкиот список се прави врз база на регистар на државјани на Република Македонија што го води МВР, не врз основа на список на жители, туку врз основа на регистар на државјани“ напиша Димовски на Фејсбук.

Тој наведе дека не секој жител е државјанин и не секој државјанин е жител на Република Македонија, а доколку сте државјанин без разлика на местото на живеење, мора да сте во избирачкиот список и дека така е од 1990 година наваму. каде и да живеете

„За оние кои не знаат, според тој регистар на државјани, бројот на државјани е над 2,4 милиони, од кои околу 1,8 се полнолетни. Гледам дека поддржувачи на СДСМ ги критикуваат СДСМ зошто не го пречистиле списокот. Не ги критикувајте, тоа е тоа, не можат да бришат од список ако некој е државјанин. Списокот пред 2 години го прочистуваше ДИК раководена од СДСМ“, се вели во статусот на Димовски на Фејсбук.