Димовски за Алфа: Јас немам нога, ни за 6 ни за 60 месеци мене нема да ми порасне нога, а зошто немам право на надоместок за мобилност нека одговорат надлежните
“Јас немам нога, ни за шест ни за шеесет месеци мене нема да ми порасне нога и нема да се промени ситуацијата” со овие зборови новинарот Саше Димовски ја раскажува ноговата голгота шетајќи по инстиуции само за да го добие тоа што му следува од државата – нададоместок за мобилност. Тој е со најтешка форма на траен инвалидитет – ампутирана нога. Димовски револтиран прашува по кои стандарди работат тројцата доктори кои се во Комисија за мобилност? И бара од надлежните да го испитаат случајот.
“Јас немам нога, ни за шест ни за шеесет месеци мене нема да ми порасне нога и нема да се промени ситуацијата. Навистина јавно го прашувам министерот, што видоа тие што јас не видов а е поразлично од претходното решение, каде што Комисијата утврдува дека јас имам најтешка форма на траен инвалидитет. И навистина јавно барам, да ми ги дадат наочарите, најверојатно некоја розова форма на наочари со кои тие видоа дека во меѓувреме мојата нога пораснала и за тоа ме одбија” вели Саше Димовски.
Димовски за Алфа раскажа каков бил и текот на прегледот на Комисијата кој како што вели траел само две минути. Од кои едната докторка само му поставила неколку прашања, а другата не го ни погледнала.
“Наеднаш добивме нова Комисија каде што едната докторка ме прашуваше, а другата си гледаше во носот и тие оценија дека јас немам право да добијам надомест, меѓутоа барем во една реченица да напишеа зошто немам. Јас ќе поднесам жалба на ова решение,и она што сериозно ќе барам од второстепената Комисија да ги даде нивните наочари и заедно сите да видиме дали мене ми пораснала нога во меѓувреме.Ова е само малтретирање на пацинетите!” – раскажува Димовски.
Алфа испрати прашања до Министерството за здравство и Министерството за труд и социјала да го разгледаат случајот, со прашање како е можно пацинет со најтежок траен инвалидитет да нема право за надоместок на мобилност. Одоговор не добивме и од двете институции.
Инаку, правото на додаток за мобилност се обезбедува за лице со 100% телесен инвалидитет кое самостојно користи инвалидска количка или лице со умерени, тешки и длабоки пречки во менталниот развој кое користи инвалидска количка со придржник, со навршени 26 години. Месечниот износ на додатокот изнесува 8.600 денари.
Ања Лукарова