Димовски за Алфа: Ова наликува на пропаганда дека Путин е семоќен и дека и ова ќе го смири

Новостанатата ситуација во Русија наликува на пропаганда дека Путин е семоќен и дека ова ќе го смири на начин што ќе се покаже како голем лидер, вели за Алфа универзитетскиот професор по безбедност Злате Димовски. Според не станува збор за државен удар или влегување во граѓанска војна.
-Мене ова ми личи на одреден тип на пропаганда дека Путин е семоќен и дека и ова ќе го смири и дека едностав ќе стави крај на таквите замисли дека Вагнер не е под негова контрола и дека еве треба тие сега во моментов да предизвикаат државен удар. Сметам дека Путин ќе успее да ја среди работата со нив и дека на крајот на краиштата повторно ќе се покаже како голем лидер како голем државник, кој што може да ги среди работите. И крајно тоа можеби многу ќе придонесе во наредните избори, изјави Димовски.
Вели изненадувачки и никој не очекувал платеничката армија на Вагнер да ги нападне своите како што Димовски ги нарече тутори.
-Следејќи ја состојбата во подолг временски период, после сите оние исклучително недобри односи кои што се покажуваа во однос на немање на муниција, нестигнувањето на муницијата, понатаму на целата таа техничка помош која што требаше да пристигне до таа единица, до платената единица, едноставно навестуваше дека нешто ќе се случи. Меѓутоа мислам дека тоа никој не го очекуваше да тие сега во овој период се свртат против оние кои што се и нивните тутори, вели Димовски.
Според него не може да се очекува во моментов овие случувања да имаат некакво влијане врз Макеоднија, евентуално врз нас би можело да се одрази ако Вагнер се распадне, па тие борци кои би избегале како свое ново живеалиште да ја изберат нашата држава.
-Како би можело да влијае тоа према Македонија? Дефинитивно не би можело ништо затоа што ние сме многу подалеку, би можело да има ако евентуално таа група Вагнер се растури, односно ако успеат да ја разбијат, тогаш добар дел од тие платеници сигурно дека би се вратиле по државите или би барале засолниште во други држави, така што Македонија би можела за некого да биде такво нешто, како средина која ќе ја изберат, изјави Димовски.
Со професорот Злате Димовски разговараше Матеја Петровски