Димовски за Алфа: На чекор сме до генерален штрајк – или повисоки плати, или сите на улица

Или итно зголемување на платите на работниците или генерален штрајк, зашто цените буквално експлодираат, а граѓаните за да преживеат се борат како риба на суво.

Најголемиот Синдикат во Македонија одлучува, односно е на чекор за генерален штрајк кој како што велат е неминовен поради „одмрзнувањето“ на основните производи и најавите за нови поскапувања. Синдикатот најавува дека се подготвува и за штрајк доколку не се испочитуваат стекнатите права на работниците.

  • Има и чесни работодавачи кои плаќаат и дневници и регрес за годишен одмор и се грижат за безбедноста на работниците, но има и такви кои не го прават тоа дури ни сега кога е донесен овој закон за неработна недела. Министерот беше во Охрид за време на викенд и во негово присуство некои газди покажуваа сила и нивните објекти работеа во недела, вели Димовски.

Димовски вели дека ССМ има синдикални патроли кои редовно пријавуваат до инспекциите состојби на непочитување на Законот за трговија во однос на неработна недела и непочитување на правата на работниците.

Во продолжение целиот разговор со Дарко Димовски.

Со него разговараше Борис Грујоски.

Поврзани вести