Димовски за Алфа: Мерките доцнат и не се доволни, каде се работниците и компаниите кои се пред банкрот?!

Владиниот пакет на антикризни мерки е задоцнет и недоволен, зашто на работниците им треба помош сега и одма, а не пакетот уште еднаш да глави во Собрание, рагираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Првиот човек на Синдикатот за Алфа рече дека Владата мора да покаже сериозност, и на работникот да му се даде платежна картичка за купување на прехрамбени производи, но и ваучери за струја, зашто во земјава не живеат само пензионери и ранливи категории граѓани, туку и работниците со ниски примања. Сојузот на синдикати е незадоволен што владиниот пакет мерки не ги опфаќа над 100-те илјади вработени кои земаат минималец од 18.000 денари.

Еве дел од разговорот на претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија.

Со Дарко Димовски, разговараше Борис Грујоски.

Advertisements

Поврзани вести