Димовски: Власта прифатила нешто што не може да го протне ниту кај опозицијата, ниту кај граѓаните

Што не очекува на политичката сцена по вчерашната лидерска средба? Политичките лидери не постигнаа никаков договор, само си кажаа што сакаат да си кажат. Власта како свој врвен приоритет си ги стави уставни измени, а според она што можевме да го слушнеме, остана глува на барањата на опозицијата да се разговара за реалните животни проблеми на обичниот човек.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоси порача дека тие нема да поддржат уставни измени какви што сака да ги протурка власта и е на ставот дека единствен излез од кризата во моментов се предвремени парламентарни избори.

На оваа тема разговаравме со поранешниот пратеник Илија Димовски. Тој за Алфа вели дека овој дијалог иако е позитивен пример, сега веќе е премногу доцна бидејќи власта прифатила речиси се за што не се согласува ниту опозицијата, ниту пак најголем број од граѓаните и не само Македонците, туку и другите националности во Македонија.

-Власта прифатила обврски пред меѓународната заедница, прифатила обврски пред други држави, во конкретниот случај Бугарија, без притоа да го има политичкиот капацитет во Собранието да добие поддршка и без притоа да го има капацитет од граѓаните на Република Македонија да ја добие оваа неопходна поддршка. Не е точно дека само од промената зависи нашата европска перспектива зад таа промена стојат уште десетици и десетици други обврски, што Македонија ги прифати со протоколите со Бугарија, потпишан од Димитров, подоцна потпишан од министерот Османи.

Со Димовски разговараше Матеја Петровски

Advertisements