Димитров: македонското малцинство е грчка работа

Земјава дефинитивно се откажа од Егејците. Ова уште еднаш го потврди министерот за надворешни работи. Никола Димитров во интервју за телевизијата СКАЈ вели дека македонското малцинство е грчка работа и дека со Преспанскиот Договор Скопје е обврзано да не се меша во внатрешните политики на Атина.