Димитров за Алфа: Државата сега „го шиша“ народот, а од есен ќе го „одере“ до крај, зашто струјата ќе замине „до плафон“

Државата буквално „го бричи“ народот, а од есен и ќе го „одере“ до крај зошто цената на струјата ќе замине „до плафон“ – револтирано и со вака директни зборови професорот Константин Димитров за Алфа даде предвидувачка анализа за тоа што не очекува со струјата од октомври и зошто се доведовме до вакава ситуација.

Економско-енергетската состојба во земјава не чини, и за жал ќе биде и уште полошо, зашто од есен не очекува уште едно поскапување на струјата, кое ќе биде далеку поголемо од првично најавените 10%. Ова е ставот на енегетските експерти по најавите нов ценовен шок од јули. Професорот Константин Димитров за Алфа вели дека државата својата неспособност ја покрива со заеми од надвор, кои не чинат милиони, пари кои ќе ги платиме ние, граѓаните, зашто Македонија не произведува доволно струја.

  • Работата ни е тешка, лошо е, но за жал ќе биде и уште полошо, зашто од есен не очекува уште едно поскапување на струјата, кое ќе биде далеку поголемо од сега што овие ни го најавуваат. Државата својата неспособност ја покрива со заеми од надвор, кои не чинат милиони кои ќе ги платиме ние, сите заедно, вели за Алфа професорот Константин Димитров.

Експертите стравуваат дека ова се прави намерно со цел да се затвори, односно да се приватизира „ЕСМ“, зашто споед досегашното искуство, свесно било намаленото производство на струја од страна на државни електрани и неодговорното работење на раководството.

  • Нарочно мислам дека ова се прави, да се направи загубар, и како после ќе се продаде, за после ќе треба да вратиме кредити и ќе се продаде на барабан електростопанство, и од кога ќе се прдаде за никави пари, ќе дојде некој, ко бајаги странец и тој ќе ги затвори термоцентралите, и тек тогаш народот ќе биде „одран“, зашто сега само „го шишаат“ на нула, е тогаш и „ќе го дерат“, додава за Алфа професорот Константин Димитров.

Дека струјата дефинитивно ќе поскапи поради неспособноста на власта и на државната „ЕСМ“, предупреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, зашто како што вели, Владата го преспала периодот кога другите земји активно работеле на проблемот. 

Тврдењето на Регулаторна и на власта дека за поскапувањето од 10% наводно ќе биле одговорни општините, не држи. Центалната власт наместо да им помогне, неосновано ги обвинува.

  • Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година, вели Мицкоски.

Колку за потсетување, изминатата зима, токму „ЕСМ“ не успеа да ги задоволи домашните потреби, па во неколку наврати беше повлекувана скапа хавариска струја од европската мрежа, за што „ЕСМ“ потроши милиони евра, кои потоа беа префрлени од државниот буџет, односно народни пари.

Инаку, за формирање на новата цена на струјата, дел од енергетските компании веќе доставиле пресметки до Регулаторна. Но, по која цена ќе плаќаат граѓаните најмногу ќе зависи од понудата на „ЕСМ“ за да се спречи големо покачување.

Борис Грујоски