});

Димитров вели 2019 треба да донесе почеток на преговорите за членство во ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за весникот Тагесшпигел вели оти се надева дека следната 2019 година треба да донесе почеток на преговорите за членство во ЕУ на Македонија.
-Во поглед на нашите постигнувања, сакаме да го направиме невозможно, вели Димитров, нагласувајќи дека Македонија требала да ја добие поканата уште во јуни, но поради противењето на Франција и Холандија, поканата била одложена за јуни 2019 година.