Димитровска: Лицата со хендикеп и во 21 век се дискриминирани и со низа бариери

Лицата со хендикеп со низа бариери и во 21 век се заборавени од државата. Инвалидните лица во количка немаат пристап до болниците, и се дискриминирани во остварувањето на правото на здравствената заштита и осигурувањето, вели меѓу другото Бранкица Димитровска која после сообраќајната несреќа останала во количка. Сега како вонреден студент на правен факултет се соочува со многу потешкотии околу секојдневното функионирање.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска одби гостување во дебатната емисија Отворено на ТВ Алфа, и покрај тоа што беше уредно поканета. Не собра храброст да даде одговор на дел од проблемите со кои се соочуваат хендикепираните лица.

Бранкица вели дека здравствените институции немаат никаков слух за нив кога станува збор за било каква помош, и дека од таму постојано добивале одговор дека „поприоритетни биле други прашања“, па така овие лица паѓале во втор план.