Димитровска: Без нас се подготви Законот, Царовска лаже дека вработувале асистенти за лицата со хендикеп

Законот за социјална заштита се подготви и ние не бевме воопшто консултирани и вклучени во него, вели Бранкица Димитровска. Се жали дека преку други невладини организации слушнале дека имало некаква дебата, но и таму ги немало лицата кои се во инвалидка количка.

И додека лицата со хендикеп се соочуваат со низа проблеми во секојдневието, министерката Мила Царовска останува глува околу односот со овие лица, се пожали Димитровска. Таа одби гостување во дебатната емисија Отворено на ТВ Алфа, и покрај тоа што беше уредно поканета.

Министерката е слуга на народот и на тие што и го дале гласот, и ако не си ги врши работите кон народот, нека си даде оставка, вели Бранкица и додава дека е штета што Царовска не може да дојде за отворено да поразговараме.

Законот, вели, ќе се протурка на сила, без да се консултира никој од нас – кои имаме сериозни проблеми. Тука се работи за човечки живот, не за невладина организација, каде Цароцвска е претседател на управниот одбор.

На овие лица, лицата со хендикеп им е потребен персонален асистент, мора министерството да го обучи, а не кој ќе стигне да го работи тоа, зашто ние се приврзуваме со нив, вели Димитровска. Се пожали дека може да останат и без него, ако државата прекине да им плаќа по, како што рече, 4.400 денари помош.

Министерката лаже дека ќе вработат асистенти за лицата со хендикеп, вели Бранкица, и додава дека таа на владина прес конференција тоа најавила, а сега тоа не го исполнува.

Треба сериозно да се работи на проблематиката и на проблемите со кои се соочуваат овие лица.