ДИК: Референдумот неуспешен, излезноста 36,9 отсто

Референдумот е неуспешен, оти не е исполнет цензусот како еден од условите во Законот, констатираа од Државната изборна комисија. И покрај тоа што над 90 отсто од гласачите кои излегле на референдумот се изјасниле „ЗА“ по прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција, недоволната излезност значи дека одлука не е донесена, велат од ДИК. На вчерашното референдумско изјаснување гласале 36,9 отсто од запишаните избирачи, или 666.743 гласачи.

Во однос на наводите за неправилности и инциденти на избирачките места, од Комисијата велат дека најпрво ќе се утврдува дали тие навистина се случиле, а потоа ќе се постапува по евентуалните прекршувања.

Од ДИК со став, Македонија вчера имала мирен референдумски ден, кој минал во добра атмосфера, а со тоа земјава покажала дека има демократски капацитет да спроведе референдум.

Биљана Божиновска