ДИК: Излезноста до 17 часот е 28,8%

На прес конференција, претседателот на ДИК Оливер Дерковски соопшти колкава е излезноста на гласачите до 17 часот.

Дерковски изјави дека од обработени 87,25% од пристигнатите податоци, гласале 455, 771 гласачи, или процентуално 28,83%.

Споредбено со излезноста во 17 часот на изборите од 2017 и 2016 година, забележана е разлика и тоа:

Во 2016 година излезноста во 17 часот била 60,38% а во 2017 година во 17 часот излезноста била 48,95% .