ДИК го подигна гласачкиот материјал од битолската печатница

Претставниците на Државната изборна комисија, под силно полициско обезбедување, денеска од битолската печатница “Киро Дандаро“ го подигнаа доверливиот гласачки материјал и се упатија до осумдесетте општински изборни комисии. Печатењето на гласачкиот материјал беше завршено навреме и утрово беше извршено примопредавањето на гласачките ливчиња и на другиот изборен материјал.

– Членовите на ДИКИ го подигнаа материјалот и сеупатија кон своите дестинации во општинските избортни комисии. Од аспект на припременост на материја и се, досега се одвива беспрекорна и сметам дека во недела ќе немаме никакви проблеми, што се однесува на квалитетот и изработката на гласаќкиот материјал – рече претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
– Овие ливчиња имаат 21 заштита. Така да не е возможно да се фалсификува ниту едно ливче, а оригиналните записници се направени на заштитна хартија со неможност да се копираат, нема можност да се преправаат и на специјална хартија има генерирарни податоци за секое гласачко место – рече директорот на печатницата “Киро Дандаро“ Драги Милошевски.

Претседателот на ДИК, на денешниот прес во Битола ги демантираше шпекулациите за изгледот на гласачкото ливче, што се појавија на некои социјални мрежи.

– Гласачкото ливче го содржи знамето на нашата држава, редните броеви на кандидатите, имињата и презимињата на кандидатите и симболите на политичките партии кои дадоа согласност да стојат тие симболи. Никакви други ознаки на гласачкото ливче нема и да не се доведува во заблуда јавноста дека има какви било други додатоци – рече Дерковски.

За претседателските избори, на избирачкиот список се запишани 1.808 131 гласач, а изборниот процес ќе се одвива во 80 општински изборни комисии и на 3.480 избирачки места. Во сабота, ќе се гласа во дијаспората, а се пријавиле 1. 782 гласачи, болни и изнемоштени се регистрирани 3.583, 1.600 затвореници и седум исселени лица.

Петар Стефановски