Деца од 10 до 17 години се најчести жртви на тргови со луѓе во Македонија

Малолетни деца се најчестите жртви на трговија со луѓе. Седум од осум жртви во Македонија имаат под 18 години, кои се лесна мета за криминалците кои го користат интернетот за остварување на своите цели. Од осумте жртви на трговија со луѓе кои се бележат годинава, една е конкретно жртва преку онлајн комуникација.

  • Користењето на онлајн комуникацијата за криминалците овозможува поголема анонимност и поголема профитабилносот и заради тоа се повеќе се ориентираат на регрутирање и контрола на жртвите преку интернет комуникација“ , изјави Несторовска.

Родителите треба да водат контрола на кој начин децата го користат интернетот апелираат надлежните. Истовремено најдоброто решение го гледаат во добри стратегии за подигање на свеста кај децата за ризикот од интернет и како безбедно да се користи.

  • Загрижува делот што открива дека најголем дел од нив стапиле во контакт со лице што не го познаваат, а подоцна дел од нив оствариле и физички контакт со такви лица“- изјави Јасмина Димишковска Рајковска – Извршната директорка на „Отворена порта“.

Во рамки на одбележувањето на Европскиот ден за борба против трговија со луѓе – 18 октомрви, надлежните ќе делат информативни брошури низ 33 училишта во земјава.

Според последниот извештај на Американската амбасада, Македонија се уште е во Ниво 2 за стандардите за трговија со луѓе и изразија загриженост по однос на соучесништво на службени лица во кривичните дела на трговија со луѓе.

Викторија Миткова

Advertisements