Децата да не седат пред компјутер, а граѓаните да внимаваат на интерент измами

Децата да не седат компјутер. Креативните игри,читањето веќе одамна се заменети со таблети и смартфони.Граѓаните сметаат дека постојаното користење на ИТ технологијата ги затупува децата

Во виртуелниот свет многу лесно може да се манипулира, посебно со децата. Сведоци сме на лажни профили кои лесно можат да ви го загорчат животот. Позади тој лажен профил постои опасност да се крие педофил или хакер, кој со само една порака може да ги собере личните податоци, а истовремено да ви ја олесни и сметката во банка. Големо внимание треба да се обрати на пораките од типот, добитник сте на награда или патување, објаснуваат компјутерџиите.

Пред три години неколкумина штипјани останаа без својата заштеда,откако од Сејшелские острови, хакери успеаја да влезат во системот на една македонска банка и да им ги исчистат сметките на неколку штедачи.

Александра Ристевска