Детска кардиохирургија се сели во „Жан Митрев“, ќе плаќа ФЗОМ

По брза постапка, без јавни дебати и студии, донесена одлука – детска кардиохирургија се сели кај „Жан Митрев“. Кардиохируршки операции кај новороденчињата и малите деца од јануари наредната година ќе се прават во оваа приватна болница, односно дел од тимот кој сега овие операции ги прави на државната клиника, ќе премине во приватното здравство. За овие операции, околу 70 годишно, Фондот за здравство ќе издвојува околу милион евра.

Министерот вели дека тука нема да се застане. Ќе се бара начин секаде каде што има простор да се спојат приватното здравство и државното здравство, за да се подобрат условите, тоа да се направи.

Јавно-приватните партнерства со себе носат ризици, дел од профитабилните установи на крајот и целосно да се приватизираат. Упатените коментираат дека додека приватниот сектор се развива, а сè полоши се условите на државните клиники, јавното здравство со ваквите партнерства би можело да „згасне“.