„Детето сонува“ од Ханох Левин, премиерно на битолската сцена

Сценски спектакл со тринаесет актери и со неповторлива визуелизација е претставата Детето сонува на култниот израелски драматург Ханох Левин, што ова комплексно дело со брутална суптилност, на сцената на Битолскиот народен театар го постави младиот режисер од Израел Итаи Дорон. За сценографијата и визуелното уредување се погрижи Омри Розенблум и за да се реализира оваа ансамбл- претстава, беа ангажирани сите тахничко- технолошки ресурси на овој театар.

  • Детето сонува на Ханох Левин, е претстава во која што се мешаат сонот и јавето, метафорична приказна за возрасни која ги опфаќа сите човекови емоции – рече на денешниот прес Илина Чоревска, уметнички директор на Битолскиот народен театар.
  • Оваа претстава всушност е сон, сон што се открива. Не знаеме кое е детето што сонува, а за мене од секогаш тоа била публиката и мора да биде публиката – рече режисерот Итаи Дорон.

Работниот процес за оваа премиера што ќе биде изведена во сабота, траеше повеќе од два месеца, а проблемот на бегалците, иако е базиран врз случка од 1939 година, е со универзални и безвременски мотиви кои се повторуваат особено и во денешни дни, а претставата се оддолжува на сите оние што го губат својот дом, беше речено на денешниот прес.

Петар Стефановски