Десподов: Бизнисот нема време да дејствува промени врз предложениот буџет, добивме готов производ

Бизнисот нема време за да издејствува промени врз предложениот буџет за 2019 година, а владата веќе расправаше за кроењето на државната каса, вели за Алфа Дијана Десподов, извршен директор на Американска комора на Македонија, и додава дека вака скроените мерки и не одговараат на сегашните потреби.

Според неа и јавната администрација се соочува со превработеност, но не и со стручност од една страна, а од друга – нема доволно стручен кадар, па институциите имаат несоодветна екипираност, поради што неопходна е итна реформа.

Приватниот сектор треба да се консултира за мерките да бидат оправдани, додека администрацијата се соочува со низа забелешки околу покачување на платите што не било доволно.

Буџетот е повеќе социјален, а помалку развоен. Владата тврди дека економскиот раст ќе го билдаат инвестициите, но од друга страна ги зголемува платите и социјалните трансфери, па најверојатно повеќе ќе зависи од личната потрошувачка – тврдат бизнисмените.

Министерството за финансии неколку пати презентираше искуства на примери од регионот кои биле добри за секоја земја, но во пракса не применува ништо, иако сега е касно за тоа.

Кога е во прашање овој најважен документ – Буџетот на една држава, власта треба да ги вклучи сите чинителите и заедно да го носат овој документ. Треба сите заедно да имаме дијалог, а не само да видиме готов производ, каков што сега имаме, додава Десподов.

– На само 45 дена до крај на година, не моежеме да реагираме нешто да се смени, истото важи и за персоналниот доход, односно за прогресивното оданочување, имавме прилично кратко време и немавме можност за дискусија, вели Десподов.

Буџетите во други земји, појаснува, се планираат една година порано, потоа за нив се дебатира, а кај нас тоа се спакува два месеци пред крај на година.

Што се однесува до приватниот сектор, се вадат пари од една страна, и се додаваат од друга страна, што во пракса нема никаква поента.