Дескоска очекува многу од новата Антокорупциска, ама него коментира баџанакот на Џафери

Новиот состав на Антикорупциска треба да даде голем придонес во борбата против корупцијата, а претседателските избори ќе бидат нивниот прв тест, порача денес од Штип министерката за правда Рената Десковка, која присуствуваше на трибината “Фер општество, шанса за сите”.

Со овие избори прв пат ќе биде на тест Антикорупциска. Да се види се трошат ли буџетски средства во кампања или не. Партиите од каде примаат донации за водење на кампања, како се трошат тие средства, дали е фер натпреварот или не. Ова се прашања што ќе бидат поставени пред Државната комисија за спречување на корупција – изјави Дескоска.

Министерката Дескоска не го коментираше непотизмот во Антикорупциска, односно дека еден од членовите е баџанак на Талат Џафери, но затоа пак зборуваше дека се намалени трошоците кон нотарите, извршителите и прекршочните глоби. Таа на судиите им порача да создаваат услови за функционирање на судскиот систем и очекува да се реши проблемот со алките за изречување за домашен затвор или притвор.

Интересно е тоа што судиите до сега не изрекувале користење на алки за домашен притвор. Интересно е дури и Судскиот буџетски совет не размислувал за тргање пари или барање средства за тој дел. Мислам дека тука треба да се работи со нив, да направат приоритети. Едно е платите на судиите, но е многу битно да се создадат услови за функционирање на судскиот систем – изјави Дескоска.

На денешната трибина во Штип присуствуваше и министерката за труд и социјална политика која најави зголемување на социјалната помош за 300%, како и нови државни субвенции за фирмите за зголемување на платите на работниците.

Александра Ристевска